Директорот на скопското јавно претпријатие, Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, кадар на опозициската ДУИ, е приведен од страна на полицијата за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.
Заедно со него е приведено уште едно лице од раководството на јавното претпријатие, потврдија од Основното јавно обвинителство Скопје.
Оваа следи откако јавното претпријатие со денови е во фокусот на јавноста поради несобраниот смет во главниот град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје
Претходно Владата нареди вонреден надзор во претпријатието, а од ОЈО побараа Министерството за внатрешни работи да собере докази за работењто на истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сабахaдин Рустеми, директорот на Комунална хигиена
Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје














