dm drogerie markt гордо ја поддржа Бруцошката забава 2025, која и оваа година се одржа во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Вечерта помина во одлична атмосфера, многубројната публика се забавуваше со квалитетна домашна музика, танцуваше и го исполни дворот со убава енергија, а студентите од државните факултети имаа можност да се информираат за проектот Bestie посветен на менструалната правда преку специјално поставениот корнер на dm.
На Bestie корнерот на dm можеа да се добијат информации за проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА и општо за менструалното здравје, а студентките кои сакаа да го дадат својот придонес имаат можност токму тука да се пријават за Bestie амбасадорки.
Бруцошката забава која традиционално се одржува на кампусот на ФЕИТ претставува одлична можност за студентите да се забавуваат и симболично да го прослават почетокот на новата студентска година. dm drogerie markt ја искористи оваа прилика да им го доближи проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА на студентите и на сите останати присутни на забавата, како проект кој ги засега сите луѓе од нашето општество, без разлика на родот, националноста, верата или возраста.
#НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА е проект кој започна во октомври 2024. Проектот во фокус го има женското здравје и менструалната правда и ќе продолжи да се реализира и оваа година. Во текот на студентската година 2024/2025, dm постави повеќе од 200 диспанзери и донираше повеќе од 230.000 поединечни Jessa влошки на сите државни факултети во земјата. Со тоа, dm инвестираше повеќе од 1,8 милиони денари во проектот за намалување на менструалната сиромаштија во земјата.
dm продолжува со овој проект и во новата студентска година на крајот на септември 2025 веќе ја испорача првата количина на бесплатни влошки до сите факултети во земјата. За почеток на оваа година преку овој проект се донирани речиси 120.000 Jessa влошки. За почетокот на 2026 е планирана достава на нова количина на влошки, потребна за втората половина од годината, со што за новата студентска година проектира донирање на вкупно 260.000 поединечни влошки.
dm drogerie markt на сите студенти им посака успешна академска година и ги потсети дека сите можат да се приклучат на BESTIE иницијативата и да дадат свој придонес во борбата за менструална правда.
Проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА продолжува со нови активности во наредните денови преку бесплатни гинеколошки советувања по државните универзитети :
15.10.2025 – Филозофскиот и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ Скопје
- Време: 11:00 – 14:00
- Гинеколог д-р Весна Блажевска
16.10.2025 – Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
- Време: 11:00 – 14:00
- Гинеколог д-р Ирена Тодоровска
17.10.2025 – Педагошки факултет , Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
- Време: 10:00 – 13:00
- Гинеколог д-р Маја Аврамовска
ПР-објава