Најдоцна до 12. јули ќе се пушти делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
Како што појасни тој за телевизијата Сител, кај Ботун, има големи косини, кои треба да се санираат.
-Свлечиштата кај Ботун се врзани со останатите свлечишта кај Кичево, од Кичево до Врбјани.
Ние интензивно работиме со Градежниот факултет, работиме со Кинезите, се правеа геоистраги, се правеа околу шест и пол километри бушења за да се добие составот на земјиштето на овие овие косини, бидејќи тие во добар дел се нестабили. Овие геоистраги се при крај, околу 40 отсто се веќе завршени, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледа моментално автопатот Охрид-Кичево(Видео)