Бугарија од 1. јануари 2026 го воведува еврото

Бугарија од 1. јануари 2026 година го воведува еврото.

Одлуката да Бугарија стане 21. членка на еврозоната денеска ја соопшти Европската комисија, а позитивно мислење даде и Европската централна банка.

Според Комисијата Бугарија ги исполнила условите, а официјалната одлука треба да биде донесена на 8. јули од страна на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести