Само 56% од граѓаните на ЕУ се за проширување

Најновото истражување на Евробаометар за процесот на проширување на Европската унија (ЕУ) покажува дека 56% од граѓаните на Унијата се за проширување.

Најголем од граѓаните на ЕУ кои се за проширување се на возраст од 15 до 39 години, две третини.

Генерално, граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето и сметаат дека кандидатите за членство треба да му се приклучат на блокот кога ќе ги исполнат потребните услови, посебно оние поврзани со почитување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на основните права, при што 56 отсто од нив оценуваат дека нивната држава би имала корист од приемот на нови членки.

Дел од анкетираните изразуваат загриженост од миграцијата, корупцијата, криминалот и финансиските трошоци од процесот на проширување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

70% од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести