На 23. декември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, информираа од таму.
На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
„Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност забрза и изнесува 3,8% на годишна основа. Ваквото остварување е малку повисоко во однос на оцената за третиот квартал во рамките на октомврискиот циклус проекции.
Економскиот раст целосно произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, што главно е резултат на растот на бруто-инвестициите, при негативен придонес на нето-извозот, заради посилен годишен раст на увозот од извозот на стоки и услуги.
Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал се ограничени, но засега октомвриските податоци за индустриското производство и прометот во вкупната трговија упатуваат на натамошни поволни трендови.
Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија.
Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката со коишто ќе се остваруваат домашните инфраструктурни проекти се едни од клучните фактори за темпото на економскиот раст,“ велат од Народна банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Годишната стапка на инфлација е 4%, и е над историскиот просек
Фото: Unsplash














