За злоупотреба на европски средства приведена Федерика Могерини

За наводна злоупотреба на европски средства вчера беше приведена поранешната претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини, добро позната и на македонската јавност.

Во истрагата се осомничени три лица, а претходно белгиската полиција изврши претрес во седиштето на Европската служба за надворешни работи во Брисел, во Колеџот на Европа во Бриж, престижен универзитет, кој е финансиран од ЕУ, каде таа е ректор, како и во неколку приватни домови низ Белгија.

Приведен е и Стефано Санино, висок државен службеник на ЕУ и менаџер во Колеџот на Европа.

Тројцата беа приведени на барање на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, која истражува сомнителна измама поврзана со проект финансиран од ЕУ.

Истрагата треба да покаже дали Европската безбедносна агенција за надворешни работи ги прекршила своите правила за тендерирање и споделила доверливи информации со Колеџот пред официјалното доделување на тендерот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести