Елеганција, вкус и страст: Скопје ќе го дочека седмото издание на „Вино на штикли“

Седмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој ја слави винската култура, креативната енергија и софистицираниот урбан дух, ќе се одржи на 19. јуни (четврток), во Ragusa 360 Rooftop.

„Оваа година, повеќе од 30 македонски и странски винарии ќе претстават над 200 избрани вина кои говорат за тероарот, историјата и иднината на винската сцена во регионот и светот. Од лесни бели ароми, преку префинети розеа, до комплексни црвени вина – посетителите ќе можат да ги вкусат приказните што се кријат зад секоја етикета. Просторот ќе биде внимателно дизајниран за да понуди интимна атмосфера за дегустација, разговор и вистинско хедонистичко уживање.

Но,„Вино на штикли“ не е само дегустација. Тоа е настан што ги поврзува виното, гастрономијата, музиката и стилот во една префинета симфонија на уживање. Со внимателна селекција на сирења, деликатеси, пури и вистинска музичка програма во живо – салонoт ќе понуди целосно сензорно доживување. Групата SWING 42 ќе настапи со џез, џипси џез, латино и евергрини, создавајќи звучна подлога која ќе го збогати амбиентот на винската вечер,“ велат организаторите.

Како и секоја година, „Вино на штикли“ ја афирмира женската енергија и креативност во винарството, угостителството и културниот живот. Преку винарии предводени од жени, автентични приказни и нови брендови, овој настан ја негува инклузивноста и современиот пристап кон винската култура. Присуството на врвни домашни и странски винарии е потврда за неговата релевантност, но и за желбата Скопје да се етаблира како винска метропола во регионот.

Настанот започнува во 19 часот, а билетите се достапни преку официјалната веб-страница www.vinonastikli.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести