Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, и стана првата европска земја со ваква одлука, објавија тамошните медиуми.
Претходно земјата прогласи и двајца израелски министри за персона нон грата.
Земјата постојано повикува на прекин на војната во Појасот Газа и на зголемување на помошта во окупираната од Израел територија, а во јуни лани ја призна државата Палестина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Срам за човештвото, Палестинците ги убиваат додека земаат храна
Фото: Унсплеш