Емисиите од работата на ТИТАН Усје постојано се под граничните вредности определени со закон

Неделниот извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН Усје, не покажува загадување, информираат од таму.

„Емисиите од работата на ТИТАН Усје постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН Усје се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи.

Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.                            

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН Усје не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

ТИТАН Усје поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима,“ велат од компанијата.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Контакт e-mail: [email protected]

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести