Ќе се гради фотонапонска електрана „Битола 3“.
За изградба на истата, како што информираа денеска од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), се обезбедени 87 милиони евра, од кои 50 милиони евра се од Германската развојна банка (КфВ), а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Дополнителни 10 милиони евра од КфВ ќе бидат насочени за реализација на третата фаза од ревитализацијата на државните хидроелектрани.
Вкупната финансиска конструкција за ревитализацијата на државните хидроелектрани изнесува 47,3 милиони евра, а реализацијата на овој проект треба да резултира со зголемување на домашното производство на електрична енергија од нашите хидропотенцијали за дополнителни 50 GWh, годишно.
Фото: Влада














