Euronext ја презеде Атинската берза

Атинската берза доби нов сопственик – најголемата европска берзанска група Euronext.

Оваа следи откако 74,2% од акционерите ја прифатиле понудата на Euronext, пренесуваат грчките медиуми.

Станува збор за зделка вредна 412,8 милиони евра, преку размена на акции.

Понудата ја вреднуваше секоја акција на Атинската берза на 7,14 евра.

Според понудата, акционерите на Атинската берза треба да добијат по една акција на Euronext, чија вредност е 142,7 евра, (кога беше доставена понудата), за секои 20 обични акции на Атинската берза.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести