Факултетот за ликовни уметности – Скопје ја организира 45. Годишна завршна изложба

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја најавува „45-та Годишна завршна изложба на ФЛУ“, што ќе се одржи на 29 и 30. мај 2025 година, во просториите на факултетот на кампус „Педагошка“ и во културно-историскиот објект Сули ан.

Изложбата претставува кулминација на академската 2024/2025 година, на која публиката ќе има можност да види селекција на уметнички дела од сите студенти на ФЛУ – од сите четири студиски години и од сите насоки: Сликарство, Скулптура, Графика и Ликовна педагогија, и од изборните предмети како сценографија, графички дизајн, фотографија, конзервација и реставрација, и други.

Програмата вклучува изложби во сите ателјеа и галерии на ФЛУ – во трите објекти „Педагошка“, Ателјеата за скулптура и Сули ан. Во Галерија ФЛУ ќе биде поставена изложбата на наградените студенти од четврта година, додека во Галеријата „Д.А. – Гуте“ во Сули ан ќе има изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“.

Настанот е отворен за јавноста и претставува одлична можност да се запознае работата, креативноста и иновативноста на младите уметници.

Програма на настанот:

29 мај (четврток) – Кампус „Педагошка“
20:00 – Галерија ФЛУ: Доделување на сертификати за учество во работилници и летна школа
20:30 – 22:00 – Изложби во сите ателјеа и галерија на ФЛУ и Ателјеа за скулптура
21:00 – 24:00 – Забава со DJ Зијан во паркот пред Ателјеата за скулптура

30 мај (петок) – Сули ан
19:00 – Музички настап на студенти од ФЛУ и групата „Калико“
20:00 – Доделување на дипломи за најуспешни студенти од 4. година
20:30 – 22:00 – Изложби во сите ателјеа и галерија на ФЛУ во Сули ан
20:30 – 24:00 – Забава со DJ Гоце на партерот во Сули ан

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести