Поранешниот комбинат Фени, сега Golden Eagle, во Кавадарци, од април повторно ќе почне со работа, а во фази на работа ќе се вратат и вработените.
Информацијата на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Според него во првата фаза на работа ќе се вратат 170 вработени, а во втората 500.
Фото: Јанчев/Фејсбук













