Фестивалот “Егзит“ не се сели во Скопје

Фестивалот “Егзит“ нема да се сели во Скопје, ни во во Египет, информираа организаторите.

Реакцијата од организаторите доаѓа откако извесно време се шпекулираше дека фестивалот ќе се сели во Египет, откако тие претходно информираа дека тој повеќе нема да се одржува во Нови Сад, Србија, бидејќи повеќе не добива пари од државата поради подршката на студентските протести, а пред неколку дена дел од организаторите во Скопје имаа средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Егзит“ догодина ќе се одржи во Скопје?

Од таму информираат дека по одлуката фестивалот да не се одржува во Србија, добиле бројни понуди од повеќе земји таму да организираат фестивали, а за следната година најавуваат дека “Егзит“ ќе има глобална турнеја.

Моментално, како што информираат организаторите се размислува кои дестинации ќе бидат дел од глобалната турнеја.

Египет е една од можните дестинации.

Егзит во изминативе три години веќе организира спин-оф издание во Струмица.

Илустрација: Егзит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести