еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) На 3. август Лидл почнува со градба на маркет во Битола

Локалниот портал Битола њуз објави дека германскиот трговски синџир “Лидл“ на 3. август ќе започне со градба на маркет во Битола.

Според информациите кои ги објави порталот, повикувајќи се на информации од поставената табла, маркетот ќе се гради една година, а изведувач на работите е Фабрика Карпош АД Скопје.

Проектант е “Иванов Инженеринг“ од Битола.

За влезот на Лидл во Македонија преку бугарската ќерка фирма се зборува веќе неколку години, а според најавите трговскиот синџир треба да отвори маркети во осум градови низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот маркет на Лидл во Македонија ќе биде во Скопје на местото на Бриколаж?

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Македонија ќе биде во Куманово?

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

Фото: Битола њуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно заразени од корона вирусот 617 лица: Потврдени 18 нови случаи, најмногу во Скопје

Редакција

Општина Велес вработува седум лица, плата до 37.625 денари

Редакција

Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер недостапни во цел свет

Редакција