(Фото) Четворица спортисти ќе ја преставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина Дампецо

Македонија на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина Дампецо, Италија, ќе ја преставуваат четворица спортисти, соопштија од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Во нордиски дисциплини ќе не преставуваат Ана Цветановска – спринт и интервал старт на 10 километри и Ставре Јада – спринт и интервал старт на 10 километри.

Во алпските дисциплини ќе не преставуваат Јана Атанасовска – слалом и велеслалом и Мирко Лазарески – слалом и велеслалом.

Олимписки игри ќе се одржат од 6 до 20 февруари 2026 година.

Фото: МОК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести