(Фото) И Тошковски уловен од „Безбеден град“, возел побрзо за да стигне на партискиот конгрес во Кавадрци

Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил.

„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.

Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.

Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување,“ напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Најмногу прекршоци за брзо возење на излез од Скопје кон Тетово, но таму нема знак за ограничување на брзината од 50 км/ч

Фото: МВР/Фејсбук/Тошковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести