Синоќа граѓаните уживаа во помрачувањето на Месечината, кој што е редок астрономски феномен.
Голем број на астрономски друштва низ целата држава, организираа гледање на „крвавата месечина“ од различни локации.
Фотографиите за еМагазин.мк, се испратени од Скопје, а се направени од Михаела и Стефанија Карадимче. „Крвавата месечина“ беше уловена низ објективот на нивниот аматерски телескоп кои го поставија кај факултетите во Карпош, и оттаму го набљудуваа величествениот изглед на месечината.
Скопското астрономско друштво, за овој феномен информираше дека, како што ќе напредува помрачувањето, Месечината ќе станува сè поцрвена.
„Околу 19:30 часот, кога целосно ќе влезе во сенката на Земјата, ќе биде речиси сосема црвена. Нијансите нема да бидат исти, односно, едната страна ќе биде поинтензивно црвена, а другата повеќе со портокалов тон. Тоа се должи на различните бои во конусот на сенката низ кој поминува Месечината.
Најдлабоко во сенката ќе биде околу 20:11 часот – тогаш Месечината ќе изгледа најтемна и најцрвена. Потоа постепено ќе почне да излегува од сенката, а околу 20:50 часот една страна повторно ќе се појави осветлена. Целиот процес на излегување ќе заврши околу 22 часот. Потоа Месечината ќе остане само во полусенката, која е тешко забележлива“, информираа од таму.
Организирано гледање на Месечината имаше и на Скопскиот плоштад.






Фото:Михаела и Стефанија Карадимче