Исчезнато е лице со деменција, кое живее на Илинденска во Скопје. Семејството бара каква било информација.
„Луѓе, ќе ве замолам за помош. Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30. Искочен е од дома најверојатно само по пиџами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен за тоа каде живее и за ориентирање во простор.
Живее на Илинденска во Центар близу влада и паркот. Ве молам споделете и било каква информација би била корисна. Мојот број е 075 415 020,“ апелира на социјалните мрежи неговиот син Владимир Стојановски.















