(Фото) Македонска соработка на светската мапа на дизајн: Adora и Zavar ја освоија престижната BIG SEE награда

Апартхотелот 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, резултат на соработката помеѓу Adora Business Group и македонската компанија Zavar, е добитник на престижната BIG SEE Interior Design Award – награда која се доделува на најиновативните и креативните архитектонски и дизајнерски проекти во Европа и пошироко, информираат од таму.

BIG SEE наградите прераснаа од регионална иницијатива во глобална платформа што ја слави оригиналноста и креативноста во архитектурата, ентериерниот дизајн, модата и индустрискиот дизајн, а добитниците се избираат врз основа на иновација, естетика, одржливост, културна вредност и функционалност.

21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora е реализиран хотелско-резиденцијален комплекс со пет ѕвезди кој воведува нови стандарди за квалитетно домување и врвно туристичко искуство во Србија. Сместен на возвишена локација и опкружен со густа борова шума, овој апартхотел претставува внимателно осмислен спој на современ дизајн, природна хармонија и интелигентно управување.

Станува збор за иновативен хотелски концепт од 21. век, во кој сите апартмани се целосно унифицирани, модерно опремени и продадени на приватни сопственици, при што целиот комплекс функционира според profit-sharing модел. Сопствениците на апартманите учествуваат во приходот од издавањето, што претставува нов бизнис модел на овие простори, инспириран од успешни hospitality примери од Дубаи.

Со целокупното управување и оперативно водење на комплексот се занимава Adora Hospitality Group, што овозможува доследен квалитет и врвна услуга. Дел од исклучителните содржини на комплексот се луксузниот Spa & Wellness центар кој вклучува турска хамам бања, финска сауна, спа третмани, базен со солена вода кој овозможува целосна релаксација, како и стилски ресторан инспириран од естетиката на Њујорк од 20-тите години, кој нуди уникатно гастрономско доживување. Дополнително, за најмладите посетители обезбедено е безбедно и пространо игралиште на отворено.

Од неговото отворање во август 2023 година, комплексот бележи постојан раст на интересот, а неговиот квалитет и популарност се потврдени и од страна на Booking.com, кој го прогласи за најпосетен хотел за 2024 година во Златибор.

Adora Business Group е една од најразвиените бизнис групации во Македонија со долгогодишно искуство во повеќе сектори, меѓу кои градежништвото, финансиите, енергетиката, и финансиското советување. Со над 500.000 метри квадратни реализирани станбени и деловни површини, групацијата има значајно присуство на real- estate пазарите во земјата и пошироко. Нивната ориентација кон стратешки и одржлив развој се потврдува преку нивната улога како најголеми поединечни акционери во Комерцијална Банка АД Скопје, сопственици на системот за централно затоплување на градот Скопје и инвестициони советници со глобално присуство, како и преку други значајни економски потфати.

Визуелниот идентитет и естетската целина на 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora се резултат на соработката со истакнати уметници и дизајнерски студија од регионот, чиишто дела го збогатија просторот со оригиналност, длабочина и карактер. Уметникот Andrej Josifovski – Пијаниста остави силен визуелен печат преку серијата мурали во Spa центарот, инспирирани од убавината и формата на женското тело, внесувајќи интимност и суптилна емоција во просторот за релаксација. Ресторанот Gatsby, дело на архитектонското студио Uniarch Design, е дизајниран како современа интерпретација на гламурот на Њујорк од 20-тите години, со впечатлива атмосфера што комбинира елеганција, комфорт и префинет вкус.

Особено значаен придонес во создавањето на визуелниот идентитет има Zavar Design – македонска компанија која претставува синоним за иновативност и висока естетика. Нивната соработка со Adora резултираше со уникатен просторен израз, кој беше препознаен и награден со престижната BIG SEE Interior Design Award.

Zavar Design е препознатлива по трансформирањето на елементите за греење во функционални уметнички дела, при што нивните производи комбинираат индустриска прецизност со уметничка експресија. Колекциите „Drop“ и „Atomic“ се само дел од нивниот богат дизајнерски опус, каде радијаторите функционираат не само како уреди за греење туку и како скулптурални објекти со висока естетска вредност. Компанијата користи 100% рециклирачки метали и интегрира паметни технологии, без да прави компромис со занаетчискиот финиш и деталната изработка.

Меѓународната заедница одамна ги препознава вредностите на Zavar Design – тие се добитници на German Design Award за радијаторот „Drop“ во категоријата „Excellent Product Design – Energy“ (2020), BIG SEE Product Design Award (2018), Best Innovative Design на Architectural Digest Design Show во Њујорк (2017), како и признанието Златен клуч и патент на годината (2022), што сведочи за нивната иновативност и технолошка супериорност.

Се обративме до Душко Чифлиганец, човекот кој стои зад визијата и реализацијата на проектот, кој накратко изјави:

„Проектната задача на Adora отсекогаш била и останува иста – да го дадеме најдоброто од себе и секогаш да понудиме пионерски и иновативен производ за нашите купувачи. Овој проект го реализиравме во исклучително тешки времиња, кога бевме затекнати од корона-кризата, инфлацијата на градежните материјали и други навистина отежнувачки фактори за работењето.

Денес, хотелот втора година по ред е оценет како најпосетена локација на Златибор според Booking.com – рецензиите, коментарите и впечатоците се исклучително позитивни, што за мене и за целиот тим на Adora претставува најголемо задоволство во работата.

Овој месец ќе го претставиме и нашиот нов резиденцијален проект во самиот центар на Љубљана, каде повторно ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе.”

Соработката меѓу Adora и Zavar на проектот 21st Century Zlatibor произлезе од заедничката визија – да се создаде простор кој нуди повеќе од сместување: интеграција на архитектура, уметност и удобност. Овој проект претставува симбол на македонската креативност на меѓународната сцена и ги позиционира двете компании како двигатели на иновација, стил и квалитет во регионот и пошироко.

За повеќе информации околу искуството што го нуди 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, посетете ја страницата www.21zlatibor.rs, а за дизајнерските иновации на Zavar Design посетете ја страницата www.zavardesign.eu.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести