(Галерија) Новиот Lynk & Co 08 пристигна во Македонија

Новиот Lynk & Co 08 официјално пристигна на македонскиот пазар и го редефинира значењето на plug-in хибридите.

Овој SUV нуди електричен домет од 200 километри и можност за DC брзо полнење, што овозможува батеријата да се наполни од 10% до 80% за само 33 минути.

Со вкупен опсег од над 1.100 километри, 08 претставува нова ера на одржлива мобилност, давајќи им на возачите слобода да патуваат без ограничувања и без компромис помеѓу ефикасност, моќ и удобност.

Она што го прави Lynk & Co 08 посебен е неговата уникатна комбинација на најголем електричен опсег во својата категорија и супериорна флексибилност. Возачите можат да уживаат во тивко и еко-одговорно возење, додека бензинскиот мотор во комбинација со електричниот погон обезбедува сигурност и при долги патувања.

Овој модел е наменет за оние кои ги ценат иновациите и удобноста, но и за сите кои сакаат да направат одржлив избор без да жртвуваат перформанси.

„Lynk & Co 08 е пресвртница за нашиот бренд. Тоа е моќен, префинет и ефикасен SUV кој овозможува уникатно возачко искуство. Со својот продолжен електричен опсег, 08 го олеснува преминот кон целосна електрична мобилност”, вели Александар Митров, Бренд менаџер на Lynk & Co во Македонија.

Lynk & Co со моделот 08 влегува во високо конкурентниот D-SUV сегмент, дополнително проширувајќи го своето портфолио и зајакнувајќи ја позицијата на брендот на европскиот пазар. Овој SUV е достапен во две импресивни нивоа на опрема – Core и More – со што се задоволуваат различни потреби и стилови на возење.

Увозник на Lynk & Co во Македонија е Делфино Мобилити груп, компанија која го донесе брендот на домашниот пазар и со тоа овозможи македонските возачи први да ја искусат најновата технологија и перформанси од овој глобално препознаен производител. Со нивниот визионерски пристап, Lynk & Co 08 ја започна својата приказна кај нас како дел од пошироката експанзија на брендот во Европа.

Повеќе за Lynk & Co 08 на следниов линк: lynkco-see.com.

За сите заинтересирани, Lynk & Co 08 може да се види во салонот на Градски стадион – Северна трибина, а тест возење може да се закаже на телефонскиот број 078 260 328.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести