H&M официјално ги отвори вратите на својата прва продавница во Тетово, означувајќи нова пресвртница во експанзијата на брендот низ Северна Македонија.
Отворањето се одржа во среда, 17 јули, во 10 часот во трговскиот центар „Палма Мол“, привлекувајќи стотици возбудени клиенти и љубители на модата од целиот регион.
Продавницата во Тетово е четврта на H&M во земјата и прва надвор од главниот град, која нуди целосен асортиман на модна облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња. Просторот се простира на 1.817 квадратни метри на два ката и нуди модерно и пријатно шопинг искуство, во согласност со посветеноста на H&M кон мода, квалитет и одржливост по најдобра цена.





