Support Kocani објавија дека средствата кои пристигнале на сметката за донации, отворена по трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, се целосно распределени на оние кои најдиректно беа засегнати.
Бруто донациите изнесувале 10.944.743, исплатиле по 71.900 денари нето по лице, на вкупно 137 лица.
Персоналниот данок кој го платиле на државата изнесувал 1.094.493 денари.















