(Фото) Уапсен е осомничениот за убиството на Чарли Кирк, близок соработник на Трамп

33 часа по убиството на Чарли Кирк, блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсен. Според американските власти, татко му го препознал од снимките од убиството на Кирк, на Универзитетот во Јута.

„Неговото семејство и еден пријател помогнаа да се предаде во притвор на органите за спроведување на законот во округот Вашингтон“, беше истакнато на прес-конференција.

Неговата облека и автомобил биле забележани во близина на местото на пукањето.

Истражителите разговарале и со еден од роднините на осомничениот, кој рекол дека Робинсон „станал пополитички настроен во последните години“, а го споменал и гостувањето на Кирк на Универзитетот.

Биле пронајдени и пушка и куршуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Убиен сојузник на Трамп

Фото: Unsplash/FBI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести