(Фото) Втор донаторски Празничен базар во организација на вработените на ЕВН Македонија

Во духот на новогодишните празници и солидарноста, во дирекцијата на ЕВН Македонија се одржа вториот донаторски Празничен базар, овојпат под мотото „Празниците се поубави кога споделуваме“, информираат од таму.

Настанот повторно беше реализиран по идеја, иницијатива и организација на вработените во компанијата.

Како и при претходното издание, на базарот му претходеше собирање донации во материјални добра од страна на вработените, кои за време на настанот беа откупувани од нивните колеги. На базарот беа продадени над 200 предмети, меѓу кои облека, покуќнина и рачни изработки. Собраните парични средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Покрај оваа иницијатива, ЕВН Македонија и годинава, традиционално во пресрет на новогодишните празници, реализираше донации кон Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.

ЕВН Македонија останува посветена на својата општествена одговорност и континуирано вложува во иницијативи кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Компанијата поддржува различни проекти насочени кон помош и поддршка на ранливите категории граѓани, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести