(Фото) „Анталија Гамбит“: Возбудлива мини-серија снимена на впечатливи локации на турската ривиера

На светска премиера одржана на 7. јуни, Туркије ја претстави својата прва оригинална мини-серија, „Анталија Гамбит“, нов филмски проект создаден да го привлече вниманието на меѓународната публика кон срцето на турската ривиера, Анталија. Овој модерен медитерански ноар има за цел не само да забавува, туку и да ја разгори желбата да се доживее убавината на Анталија од прва рака.

Спојувајќи ја напнатоста на трилерот со привлечноста на медитеранската романса, динамичната серија започнува на плажата на луксузно одморалиште, кога Лара (Мерием Узерли), познат кустос, му го спасува животот на Дениз (Каан Урганџиоглу), мистериозен архитект.

Иако нивната средба на почетокот изгледа како судбина, серијата подоцна открива детално разработен план, кој е фокусиран на уметничка аукција со високи влогови, што го води дуото да истражува антички градови, тајни заливи и гламурозни ноќи во градот. Приказната, раскажана во десет епизоди, е исполнета со неочекувани пресврти, искушенија, измама, но и романтични сцени.

Серијата е снимена во раскошни одморалишта со голф терени во Белек, низ историските улици и модерната марина на Калеичи, во античките урнатини во Перге и Фаселис, како и во кристално чистите води на заливот Порто Ценевиз. Атрактивните Узерли и Урганџиоглу се придружени од руската актерка Јана Аносова и иконата на турската комедија Јавуз Сечкин, кои дополнително ја збогатуваат возбудливата приказна што се одвива во Анталија.

Со своите неверојатни пејзажи, блескаво крајбрежје, блага медитеранска клима и богато културно наследство, Анталија привлекува туристи од целиот свет во текот на целата година. Додека градот ги маѓепсува посетителите со тиркизните заливи и медитерански вкусови на турската кујна, тој исто така нуди можности за посета на добро сочуваните антички локалитети, дел отворени до доцна во ноќта во текот на летото во рамки на проектот „Ноќни музеи“, како и мноштво културни фестивали и настани. Токму затоа овој град беше инспирација за дејството на „Анталија Гамбит“, серијата со која Туркије на иновативен начин ја споделува својата туристичка понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туркије отвора 27 историски места за ноќни посети

(Фото) Урла во Измир – совршена дестинација за одмор и опуштање

Се реставрира познатата купола на Аја Софија во Истанбул – објектот останува отворен за сите посетители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести