Лешочки манастир важи за еден од најубавите во Македонија.
Во манастирот кој се наоѓа на надморска височина од 610 метри се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ, еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век.







Во конаците пак има параклис посветен на светите браќа Кирил и Методиј, а надвор од манастирскиот комплекс е и црквата посветена на Атанасиј Александрински.
Манастирот е основан во 1321 година, а истиот е двапати уриван, еднаш во 1690 година од Османлиите, а вторпат од терористичката УЧК за време на воениот конфликт во 2001 година.
Доколку патот ве одвеме во овој дел од Македонија, задолжително посетете го.