Германски квалитет на образование во срцето на Европа – и во Македонија

Франкфурт, финансискиот центар на Германија, е град што пулсира со иновации и модерност. Меѓу неговите архитектонски чуда и динамичниот ритам на корпоративниот свет се наоѓа еден посебен остров на знаење – Provadis School of International Management and Technology. Ова е местото каде што образованието не е само лекција, туку искуство што го поврзува теоретското знаење со практиката.

Провадис кампусот во Франкфурт е повеќе од простор за настава. Со својата современа архитектура, најнова технологија и зони за креативна работа, кампусот нуди средина што поттикнува соработка и иновација. Во паузите меѓу предавањата студентите се собираат во заедничките простории – модерни, функционални, но и топли, исполнети со енергија на младост и амбиција.

„Секој ден тука е поинаков. Имаме интерактивни часови, дебати, работа во тимови, а кампусот ни нуди сè што ни треба – од места за учење, до можност за релаксација и размена на мислења“, вели Јан, студент по интернационален менаџмент.

„Кога ќе дипломирам, нема да започнувам од нула. Имам три години искуство зад себе и веќе сум дел од компанија што ми верува,“ додава тој.

Она што Провадис го издвојува од другите универзитети е методот на учење. Наставата е комбинација на теорија и практика, каде што студентите не се само пасивни слушатели, туку активни учесници. Програмите се развиени во партнерство со индустријата – компании од различни сектори даваат реални студии на случаи, организираат пракси и се вклучуваат во наставниот процес.

„Од првиот ден сме вклучени во решавање на реални деловни предизвици. Тоа ми дава чувство дека она што го учам денес, ќе го применам утре“, споделува Лена, студентка на Провадис.

Со групи од ограничен број студенти, секој учесник добива внимание и насоки за личен развој. Професорите се достапни за консултации, а студентите истакнуваат дека ова е една од најголемите предности на Провадис. Дополнително, интернационалниот дух на кампусот носи можност за запознавање со колеги од различни култури, што ја зголемува меѓународната конкурентност на дипломираните студенти.

Истиот модел – сега и во Македонија

Она што е највозбудливо е фактот дека ваквиот модел на образование веќе е достапен во Македонија. Хајделберг Факултет го применува истиот концепт на дуално образование: студии што комбинираат академско знаење со практична работа во компании. Студентите имаат можност да се стекнат со германска диплома и да учат по европски стандарди.

Со Хајделберг, македонските студенти стануваат дел од една глобална приказна за квалитетно образование. Германски стандарди, практична настава и европски пристап е она што ја носи Македонија чекор погоре во високото образование.

Во време кога младите се соочуваат со неизвесност и сѐ поголем број дипломирани студенти остануваат невработени, Хајделберг нуди решение: германски квалитет, европски стандарди, практична настава и финансиска сигурност. Тоа е модел на образование што не создава само дипломирани, туку подготвени професионалци со изградено искуство и приход уште пред дипломирањето.

Хајделберг Факултет во Скопје го објави Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година за две студентски програми – Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести