Од Министерството за здравство информираа дека Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје наскоро на Одделот за физикална медицина и рехабилитација ќе ја стави во функција новата хипербарна комора наменета за лекување на пациенти со хронични рани кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација, но и за спортисти.
Комората ќе им биде на располагање и на Пластична хирургија, Дерматологија, Пулмологија и останатите оддели.


Фото: МЗ














