Безвременската „Горда Македонка“, во блескава и длабоко емотивна изведба на Зуица Лазова, спакувана под маестралното водство на Николче Мицевски e најнова преработка во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“
Оваа песна не е само музика – таа е симбол на силата на македонската жена, на нејзината гордост, нејзината љубов, нејзиното достоинство. Нè потсетува дека да се биде Македонец – значи да се чува идентитетот, да се негува културата, да се пее за коренот.
Зад целиот проект стои Скендеровски продукција, која веќе ја отвори душата на Македонија преку претходните модерни преработки на „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска) и „По друм одам мајче“ (Мина Блажев).
Со секоја нова изведба продолжението на „Македонијо, во срце те носиме“ нè потсетува дека музиката е јазикот на нашето национално паметење, нашата душа, нашето заедништво – глас кој нè соединува без разлика каде сме расфрлани низ светот.
Промотивна објава