Во време кога кандидатите за градоначалници и советници за престојните локални избори ни ветуваат нереални работи, а актуелните не ги средиле ни основните работи во нивните општини, хит на социјалните мрежи стана младиот скопјанец Андреј Рајатоски, кој самоинцијативно, без пари, уредува јавни површини.
Видеа од неговите акции објавува на Инстаграм, Фејсбук, Тик-Ток и You tube под псевдонимот Гардинарот.мк, за што доби бројни позитивни реакции и подршка.
Фото/видео: Градинарот