И бугарскиот премиер Жељазков, побара извинување од Мицкоски

По бугарското МНР, и премиерот Росен Жељазков побара премиерот Христијан Мицкоски да се извини за одговорот на навредата кон бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.

„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие времиња“, изјави Жељазков и додаде дека наративот на Мицкоски, ќе го остави на познавачите на Езоп.

Георгиев го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“, на што македонскиот премиер одговори дека тоа е исто кога „глушецот го задева лавот“, и е „момче пратено да му го привлече вниманието.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За бугарско МНР неприфатлив е јазикот на Мицкоски, ни збор за извинување за навредата од Георгиев

Бугарскиот министер за надворешни го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“, македонскиот премиер го нарече „момче“ пратено да му го привлече вниманието

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни, кој Мицкоски го нарече “северномакедонски премиер“

Фото:Министерски совет на Бугарија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести