И официјално се укинува Агенцијата за подршка на туризмот, што беше најавено пред извесно време.
Министерот за клутура и туризам, Зоран Љутков, денеска изјави дека вчера во македонското Собрание била изгласана предлог-измената на Законот за туристичка дејност, со што оваа најава станува официјална.
Околу 30-ината вработени во Агенцијата ќе преминат во Министерството за култура и туризам.