Инфлацијата пак расте, во мај 3,3%

Инфлацијата повторно расте. Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани се зголемени за 3,3%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6%.                  

Зголемувањето на трошоците за живот во периодот од април до мај годинава е најголемо во секторот Храна и безалкохолни пијалаци, за 4,1%.

Зголемувањето има и во секторите Разновидни стоки и услуги, за 1,5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, за 0,8%, Облека и обувки, за 0,5%, Рекреација и култура, за 0,4%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, за 0,3% и Здравје за 0,1%.         

Намалување на трошоците на животот, пак најмногу има кај секторот Транспортот, од 3,6%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести