Годишната стапка на инфлација во август забави и изнесуваше 4,4%, под влијание на базичната и прехранбената компонента, при натамошен пад на цените на енергентите, велат од Народна банка.
„Сепак, остварената инфлација е над проектираното ниво, со што таа и понатаму останува во фокусот и потребна е внимателност. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани во надолна насока, што укажува на помали увозни ценовни притисоци во споредба со очекувањата.
И покрај тоа, сѐ уште постои неизвесност околу идните движења на светските цени на примарните производи поради геополитичките тензии и климатските промени. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз побарувачката,“ се вели во соопштението на Народна банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Растот на личната потрошувачка ја забрза економската активност, оценува Народна банка
Каматните стапки остануваат исти
Фото: Unsplash