Испрани над 100 милиони долари: Нов корупциски скандал ја тресе Украина

Украина ја тресе нов мега корупциски скандал.

Истрагата на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), која траеше 15 месеци, покажа дека во енергетскиот сектор се испрани околу 100 милиони долари.

Истата утврдила дека членови на криминална организација изградиле голема шема на влијание врз стратегиски претпријатија од државниот сектор, посебено врз нуклеарната агенција „Енергоатом“.

Приведени се неколку лица поради заговор за контрола на јавните набавки во државните претпријатија, особено во „Енергоатом“.

Според украинските медиуми главен организатор е Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој е косопственик на „Студио квартал 95“, каде што Зеленски ја изгради својата кариера како комичар пред да победи на претседателските избори во 2019 година.

Другите лица под истрага се поранешен советник на министерот за енергетика, раководителот на Одделот за безбедност во „Енергоатом“ и четворица административни вработени.

Украинската министерка за енергетика Свитлана Гринчук поради истрагата поднесе оставка, а Герман Галушченко е суспендиран од функцијата министер за правда.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести