(Видео) Учествуваше и Србија: “Евровизија“ доби конкуренција, во Русија се одржа “Итервизија“

Викендов во Москва, Русија, се одржа фестивалот „Итервизија“ на кој учествуваа 22 земји, а единствената земја од Европа која имаше свој преставник беше Србија.

Станува збор за фестивал кој се смета за пандан на „Евровизија“, а истиот беше возобновен со претседателски указ на рускиот претседател Владимир Путин.

На истиот учествуваа и преставници на Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам, Мадагаскар…

Целиот список ОВДЕ.

Победи претставникот на Виетнам, Дук Фус, со песната „Небесен крал Фу Донг“.

Следната година, домаќин на „Интервизија“ ќе биде Саудиска Арабија.

Фото: Промо/Итервизија/видео: ĐỨC PHÚC OFFICIAL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести