Иван Џолев избран за судија во Апелација

Актуелниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, денеска од страна на Судскиот совет беше избран за судија во Апелациониот суд Скопје.

Покрај него за нови судии во Апелација се избрани и Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова, кои доаѓаат од Кривичен и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово.

Тие во Апелација ќе работат во крививичниот Оддел.

Од страна на Советот, пак, судијата Хаџо Тариќ беше избран за претседател на Основен суд Крушево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести