Изложба на мотоцикли, блуз и рок бендови во Парк на Франкофонија, на 29. јуни

Општина Центар информира дека манифестацијата „Cruise Cult 2025″, која ја претставува и ја слави културата и уметноста на мотоциклизмот ќе се одржи на 29. јуни 2025 година, од 12 до 17 часот, во Паркот на Франкофонија.

Програмата на „Cruise Cult 2025“ ќе биде поделена на неколку целини. Ќе бидат изложени внимателно одбрани мотоцикли од сите значајни категории – chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare и classic. Во секоја класа ќе бидат претставени неколку карактеристични модели.

Во рамки на настанот ќе биде поставена и фотографска изложба, со селекција од 10 до 15 фотографии што го доловуваат визуелниот идентитет и животниот стил на мото-културата.

Музичкиот дел на програмата ќе биде резервиран за настапи на блуз и рок бендови, кои ќе го надополнат автентичниот амбиент на манифестацијата и ќе обезбедат целосно уживање за сите посетители.  Бендот „In the mood” ќе настапи од 12 до 14.30 часот, додека пак бендот „Day Off” од 15 до 17 часот. 

Манифестацијата „Cruise Cult 2025″ е бесплатна и отворена за сите граѓани, поддржана од Општина Центар.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести