Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, информираше дека во првата фаза камерите во рамките на проектот „Безбеден град“ ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата.
„Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки,“ вели тој.
Тошковски појаснува дека овој систем се развива со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи.
„Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.
Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи,“ додаде Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За кои прекршоци ќе се казнува со “Безбеден град“ од 1.февруари
Фото/МВР














