Кадифено музичко патување со Зарина Првасевда

Музиката нема граници, таа спојува, буди емоции и создава магија. Токму така ќе звучи и мелодиското предновогодишно доживување на 20. декември, кога вокалистката Зарина Првасевда ќе ја претвори сцената во Филхармонија во едно вистинско „Кадифено“ музичко патување – интимна, моќна и незаборавна вечер што едноставно не смее да се пропушти.

По својот блескав подем на македонската етно-сцена, Зарина ја освои публиката со својот препознатлив моќен вокал и љубовта кон изворниот етно звук. Инспирацијата за нејзината музика ја црпи од младината, природата, емоциите и луѓето, а секоја мелодија го носи нејзиниот силен повик за создавање подобра, посветла и помирна иднина.

„Музиката е мост меѓу нас, овој концерт ќе биде едно музичко патување што се доживува со срце. Доколку мојата музика успее да растрепери барем едно срце – тогаш мојата мисија е исполнета“ вели Зарина.

Овојпат таа ја носи магијата од Турција, преку пријателството и длабоката музичка врска што ја изгради со еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата Џенк Ердоган и мултиинструменталистот Ахмет Али. Заедно, тие ќе ни подарат ретка можност да се впуштиме во едно музичко патување преку вкрстување на традиции, спојување на култури што допираат до корените, ги будат сетилата и ја воздигнуваат душата на секој слушател.

Концертот ќе добие дополнителна магија со придонесот на врвните македонски музичари Андреа Мирческа и Тони Арслан. Овој предновогодишен настан е средба на ориентални и етно светови, исполнета со магична енергија што се чувствува во секој тон, секоја нота и секоја отсвирена мелодија , вечер што ќе ве носи низ емоции, ритам и незаборавни музички мигови.

По премиерниот успех на нејзиниот прв солистички концерт „Ехо“ во Филхармонија, овој 20. декември 2025 во 19:30 часот, Зарина се враќа таму каде што започна нејзината најголема приказна за да ви подари уште едно топло, мелодиско и „кадифено“ патување, полно со тивка магија и искрени емоции. 

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на drugastrana.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести