Како работела Стопанска банка Битола, која сака да ја купи Алта банка, лани и годинава

Стопанска банка АД Битола е во фокусот на јавноста поради вториот обид за нејзино купување.

Лани Банката, како што веќе пишуваше еМагазин, сакаше да ја купи Комерцијална банка АД Скопје, а годинава српската Алта банка АД Белград.

Минатата година обидот за нејзино купување беше неуспешен, бидејќи не сите акционери на Стопанска банка Битола сакаа да ги продадат своите акции. Засега од нив нема никаква реакција за новата понуда, ниту пак мислење од менаџментот на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите акционери во Стопанска банка Битола, од кои зависи дали банката ќе биде купена од Алта банка

Алта банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола, а таа веќе заедно со поврзани лица поседува 19.439 акции на Банката.

За акција нуди 3.777 денари, што е повисока понуда од таа на Комерцијална банка, која нудеше 3.200 денари за акција.

Како работела Стопанска банка Битола годинава и лани

Во првото полугодие Стопанска банка Битола имаше добивка од 33,6 милиони денари (546.000 евра).

Истата како што информираа од таму главно се должела на засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година. 

Лани пак Банката оствари добивка пред оданочување во износ од 181,86 милиони денари oдносно добивка по оданочување од 163,17 милиони денари, што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од претходната година, кога работеше со загуба од 189,82 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската Алта банка доби дозвола од КХВ да даде понуда за купување на Стопанска банка Битола

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Алта банка преку Комерцијална банка ја достави понудата за преземање на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести