Српската Алта банка АД Белград е во фокусот на јавноста откако и официјално ја објави својата понуда за преземање на македонската Стопанска банка АД Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алта банка преку Комерцијална банка ја достави понудата за преземање на Стопанска банка Битола
Српската банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола. Таа од претходно веќе заедно со поврзани лица поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.
За акција нуди 3.777 денари.
Понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.
Во тој случај заедно со акциите кои веќе ги поседува, српската банка би поседувале 75 проценти плус една акција од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола
Како работела Алта банка во последните три години
Во 2024 година нето добивката на Алта банка изнесувала околу 13 милиони евра.
Во 2023 година пак имала нето добивка од 9,4 милиони евра, а во 2022 година, 450 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Стопанска банка Битола, која сака да ја купи Алта банка, лани и годинава