Кампања како од времето на Груевски: Владата ќе ги убедува граѓаните да купуваат домашни земјоделски производи

Владата, преку кампања “Купувај домашни земјоделски производи“, ќе го стимулира растот на домашната економија и директното влијание врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци, информираат од таму.

„Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство.

Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.

Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата,“ велат од Владата.

Од таму додаваат дека основната цел е Македонија да се направи земјоделски независна држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести