Дисциплински постапки за „Шкупи“ и “Брегалница“ за инцидентот на натпреварот во Штип

Освен за неколку играчи, фудбалските клубови “Шкупи“ и „Брегалница“ за инцидентот на натпреварот во рамки на Републичкото пионерско коло, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги казни и клубовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ доживотно го суспендираше играчот на “Шкупи“ чии татко натепа играчи на “Брегалница“

За “Шкупи“, како што информираа од ФФМ е поведена дисциплинска постапка поради физички напад од страна на родители/навивачи врз противнички играчи, со што е сторен тежок прекршок од страна на навивачи/гледачи.

-Согласно член 29, санкцијата се однесува конкретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на татко кој влета на фудбалскиот натпревар во Штип со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со фудбалер на “Брегалница“: Детали од Обвинителството

Таткото на фудбалерот на „Шкупи“ кој натепа фудбалери на “Брегалница“ заврши во притвор

За “Брегалница“ е поведена дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот и пропуст во обезбедувањето.

-И во овој случај, согласно член 29, постапката и евентуалните санкции се однесуваат на конкретната екипа, помлади пионери која била домаќин на натпреварот, велат од ФФМ.

Против Алејса Виши, координатор на млади категории на Шкупи пак се поведува дисциплинска постапка поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, односно ставање во Комет системот на ФФМ, лица во графата – шеф на стручен штаб и кондициски тренер кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи, велат од ФФМ.

Тој доби забрана за играње на четири натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Имаше ли организациски пропуст на натпреварот „Брегалница„ – „Шкупи“ на кој беа натепани двајца фудбалери пионери

Родителите влетале на терен за да ги заштитат своите деца, велат од „Шкупи“ за инцидентот во кој беа тепани фудбалери пионер на „Брегалница“

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести