Денеска истекува рокот за јавната понуда на српската Алта банка АД Белград за купување на 371.528 акции на Стопанска банка АД Битола.
Како што веќе пишуваше еМагазин, Алта банка преку Алта груп од претходно веќе поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола, а понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.
За акција српската банка нуди 3.777 денари.
За Управниот одбор и вработените во Стопанска банка Битола понудата е добра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За УО на Стопанска банка Битола понудата за преземање од страна на Алта банка е добра
Што мислат вработените во Стопанска банка Битола за понудата за преземање од страна на Алта банка
Но, одлуката дали македонската Банка ќе добие нов сопственик зависи од најголемите акционери, кои досега јавно не се огласија за понудата и дали ќе ги продадат своите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем акционер во Стопанска банка Битола е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,99% од акциите на Стопанска банка Битола, а помеѓу поголемите акционери се и Тони Јосифовски, Алта Груп (во чија сопственост е Алта банка), Орка холдинг АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола
Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола