Ќе се изјасни ли некој за виновен: Денеска продолжува судењето за трагедијата во Кочани

Денеска во судницата во затворот Идризово треба да одржи второто рочиште за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното

На првото рочиште со првиот предмет за трагедијата беше споено обвинението за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, која ја обезбедуваше т.н. дискотека, и сега има вкупно 36 обвинети физички лица и три правни правни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

На денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за тоа дали се чуствуваат виновни, како и свои воведни зборови да даде нивната одбрана.

На претходното рочиште воведен збор даде Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден обвинет за пожарот во Кочани не признал вина, сопственикот на „Пулс“ ги обвинува институциите и ДНК

Како што веќе пишуваше еМагазин пред извесно време сите 35 обвинети се изјаснија за невини.

За трагедијата во Кочани има уште два предмети. За едниот во кој се осомничени полициски службеници обвинение е најавено за следниот месец, а во третиот се сомничат инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, а за истиот во тек е истрага во Основното јавно обвинителство Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното

„Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, кажа обвинителот Јанев во воведниот збор на стартот на судењето

Кои се двајцата вработени во УЈП за кои се бара затворски притвор за трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести