Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград, по завршување на неговиот музички настап во еден од белградските кафулиња.
Според сознанијата на српски Блиц, инцидентот се случил кога тој излегол од „Бетон хала“ каде што синоќа имал настап. Му пришле двајца странски државјани со нож и пиштол.
Полицијата при редовна контрола го сопрела возилото, но тие не застанале. Во исто време кога полицијата ја започнала потерата, и пријател на Кајмакоски го пријавил неговото киднапирање.
Во меѓувреме Блиц објави и снимка на која се гледа како киднаперите се со него во бел џип, но не застануваат по сопирање од страна на полиција.
Кога полицијата се обидела да го сопре сомнителното воизло, возачот ја пробил полициската блокада и избегал кон Бранков мост.
Потерата продолжила низ Нов Белград, по што возилото се вклучило на автопат во правец кон Шид.
Потерата завршила по наплатната ранпа Шимановци, кога возачот на возилото изгубил контрола и удрил во заштитна банкина. Двајца вооружени напаѓачи успеале да избегаат пред полицијата да дојде.
Полицајците во автомобилот го пронашле Кајмакоски кој бил врзан.
Даниел Кајмакоски е победник на првата сезона на музичкиот натпревар „ X Фактор Адриа“, со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ ја испеаја „Скопје-Белград“, а беше и гостин на неговиот голем концерт во Борис Трајковски.
Извор: blic.rs Фото/Фејсвбук-Кајмакоски














