И Комерцијална банка влегува во СЕПА системот

По Халк Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, ПроКредит банка и Стопанска банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје влегува во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), информираа од таму, од каде велат дека Банката добила одобрување од Европскиот совет за плаќања (ЕПС) за приклучување кон СЕПА шемата за кредитен трансфер.

Банката ќе биде формално вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 8. август 2025 година.

На 6. март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за Македонија, со што станавме членка на СЕПА. Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се првите четири банки од Македонија кои се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања: Започнува членувањето на земјава во СЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести